Корисничка поддршка: 02 2772 272


iPhone XR: најпродаван од Apple


iPhone XR: најпродаван од Apple

И покрај високата цена, Apple минатата година најави дека iPhone X стана најпродаваниот iPhone модел по неговото претставување. Оваа година, изгледа дека корисниците сепак ја преферираат буџетската верзија. Интервју со CNET, потпретседателот на Apple за маркетинг, Greg Joswiak, најави дека iPhone XR во моментов е најпопуларниот и најдобро продаваниот iPhone модел. 

Ова значи дека, во однос на дистрибуцијата, новите уреди на Аpple се продаваат како што беше очекувано од аналитичарите. Како мало потсетување, уште пред претставувањето на серијата аналитичарите очекуваа буџетската верзија да биде најпродавана, поради моќните перформанси кои ги нуди и "ниската цена" - барем во однос на другите модели. 

Пред неколку недели се појавија информации дека продажбата на новата iPhone серија е послаба од очекувано, поради што компанијата реши да го намали нивното производство. За жал, Joswiak, не сакаше да коментира ниту за оваа тема, ниту за општата побарувачка на iPhone уреди во моментот.


Останати новости

Бидете во тек со новостите

Останете информирани за сите нови понуди и попусти во нашата Премиум Мобилара.