Корисничка поддршка: 02 2772 272


Сервис: Кога се менува само екран или стакло?


Сервис: Кога се менува само екран или стакло?

Промена на стакло се врши кога е направена минимална штета на екранот и телефонот притоа нормално работи т.е. екранот има јасна слика.

Среќа во несреќа е кога само стаклото е малку напукнато и тогаш нема потреба да го менувате комплетно целиот екран.

На овој начин вие го задржувате оригиналниот екран ( боите и сликата си остануваат исти ) и ви се менува само предното стакло.

Втора добра причина е секако цената, која е многу повтина од промена на комплетно нов оригинален екран.

Постапката за промена на стакло е малку поспецифична и временски подолга од промена на екран.

На пример, екран се менува за 30 минути додека за промена на стакло потребни се 8-16 часа од кои минимум 8 часа се потребни да се исуши лепакот помеѓу новото стакло и стариот оригинален екран.


Промена на екран се врши во случај кога:

  • на дисплејот има мртви пиксели
  • екранот трепка
  • нема слика на целиот екран
  • на екранот има хоризонтални или вертикални линии
  • и друго



Дали е потребна промена на стакло или екран, нашиот сервис ја нуди оваа услуга повеќе од 20 години.

Големиот број на сервисирани телефони и комплексни ситуации кои се успешно решени го прават Мобеликс Премиум Сервисот лидер на пазарот кој нуди квалитет, брзина и пристапни цени за сечив буџет.



Секогаш сте добредојдени за совет, консултација и бесплатна дијагностика за било каков проблем со вашиот смарт уред.


Мобеликс Премиум се наоѓа на само 900m од срцето на градот ( Плоштад Македонија ) во населба Кисела Вода во новата зграда „Адора - Флатирон“.

Локација: Ул Борис трајковски 1 локал 16.




Останати новости

Бидете во тек со новостите

Останете информирани за сите нови понуди и попусти во нашата Премиум Мобилара.